Ekipa
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, доцна синоќа пристигна во посета на Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател на аеродромот „Никола Тесла“ го пречекаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, членови на Владата на Србија како и амбасадорот на Република Турција во Србија, Танжу Билгич.
Во Белград со претседателот допатува неговата сопруга, Емине Ердоган, како и началникот на Генералштабот на вооружените сили, генералот Хулуси Акар, вицепремиерот Фикри Ишик, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за Европската Унија и главен преговарач Омер Челик, министерот за животна средина и урбанизам Мехмет Озхасеки, министерот за економија Нихат Зејбекџи, министерот за храна, земјоделство и сточарство на Турција, Ахмет Ешреф Факибаба, министерот за шумарство и водостопанство, Вејсел Ероглу, и министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан.