Dejan Maksimovic
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ), во изминатите 24 часа потврдени се 434 нови случаи на коронавирусот, покажуваат податоците од ентитетите и од дистриктот Брчко објавени денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е рекорден број случаи на Ковид-19 за едно деноноќие од почетокот на епидемијата во БиХ.
Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство, во изминатите 24 часа во ентитетот Федерација БиХ биле тестирани 1.207 примероци, од кои 309 биле позитивни за САРС-КоВ-2.
Во Федерацијата БиХ досега се тестирани 87.108 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 6.851 лице. Заклучно со денеска, регистриани се 3.511 излекувани пациенти, додека моментално активни се 3.181 случај позитивен на новиот коронавирус. Од 159 потврдени смртни случаи во Федерацијата БиХ, 103 се лица од машки и 56 лица од женски пол.
Претходно од Институтот за јавно здравство на Република Српска објавија дека во тој ентитет во последните 24 часа регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19, а тестирани се 549 лица.
Во дистриктот Брчко денеска се потврдени 2 нови случаи на Ковид-19.