Dejan Maksimovic
26 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ) со новиот тип коронавирус заразени се 2.416 лица, а извршени се 60.528 тестирања. Досега, како последица на Ковид-19 починати се 149 лица, а излекувани се 1.721 лице, покажуваат податоците на Министерството за цивилни работи објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во последните 24 часа позитивни на коронавирусот се десет лица, додека регистрирани се три нови смртни случаи од Ковид-19.
Податоците објавени од Министерството за цивилни работи на БиХ покажуваат дека во ентитетот Република Српска заразени се 1.371 лице, од вкупно 24.841 тестиран. Починале 107 лица, а 791 се излекувани.
Во ентитетот Федерација БиХ заразени се 1.025 лица, а спроведени се 34.942 тестирања. Починале 38 лица, а излекувани се 914 лица.
Во Дистриктот Брчко заразени се 20 лица од вкупно 745 тестирани. Четири лица починале, а од Ковид-19 се излекувале 16 лица.