Islam Doğru
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во САД од последиците на заразување со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починаа повеќе од 100.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на страницата „Worldometer“, на која се достапни последните податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана со Ковид-19 покажуваат дека во САД бројот на починатите достигнал број од 100.103.
Истовремено, вирусот досега е потврден кај повеќе од 1.714.371 лица.
По бројот на починатите, по САД следуваат Велика Британија (37.048), потоа Италија (32.955) и Шпанија (28.432).
Жариштето на Ковид-19 во САД е и понатаму е Њујорк, каде се заразени повеќе од 368.000 лица, а починаа повеќе од 29.000. По бројот на заразените следува Њу Џерси со над 155.000.
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 15 милиони примероци, а оздравеле повеќе од 468.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.