Zylfıje Adem Jakupı
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
ПРИШТИНА (AA) - Новиот министер за европски интеграции на Косово, Блерим Река, ја презеде официјално должноста од поранешната министерка Дурате Хоџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хоџа на новиот министер му го врачи извештајот за работата на Министерството, честитајќи му за новата должност, додека Река во таа пригода изјави дека процесот на европските интеграции е маратонски процес, кој ниту започнал со неговата претходничка, ниту ќе заврши со него.
„Ќе ги споменам искуствата на другите земји. Ниту едно зачленување не се случило за време на мандат на една влада, туку е следено градуално од еден мандат во друг. Се надевам дека Косово ќе посведочи за институционален капацитет, како што досега ја посведочи политичката волја кон евроатлантската стратешка ориентација“, рече Река.
Новиот министер за европски интеграции, кого го предложи Движењето Самоопределување, вети максимална транспарентност и одговорност во работата. Исто така истакна дека ќе започнат процес на општествен дијалог за евроатлантските интеграции, и дека на месечна основа ќе се состанува со претставниците на цивилното општество и истражувачките институти.
Коментирајќи ја новата методологија на процесот на пристапување кон Европската Унија, која во средата ја одобри Европската комисија, Река рече дека на првиот состанок со цивилното општество ќе се анализира какви ефекти може да има новата методологија врз Косово.
„Воопштено, на една страна се чини дека тоа е методологија на условување, одолговлекување и ревизија на целиот процес на проширување, додека на другата страна има и нешто што го немаше во претходните стратегии, а тоа е мерење на процесот со многу стриктни критериуми“, рече Река.
Истакна и дека со новата методологија, покрај улогата на Европската комисија, расте и улогата на земјите членки на ЕУ од самиот почеток на процесот, што според неговото мислење е подобро за подоцна во текот на процесот на интеграциите да нема изненадувања.
Во понеделикот, на 3 февруари, Собранието на Косово ја изгласаа новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Куртин, лидерот на Движењето Самоопределување". За министер за европски интеграции на Косово беше избран Блерим Река.
Блерим Река е од Северна Македонија, роден во Скопје во 1960 година. Тој беше кандидат за претседател на последните претседателски избори во Северна Македонија, кои се одржаа минатата година. Река е универзитетски професор по меѓународно право и поранешен амбасадор во Брисел, а беше и дипломатско-правен советник за ЕУ-интеграциите на претседателот на Република Косово. Река беше член и на Правниот совет на Владата на Македонија и член на Експертскиот тим за национална стратегија и ЕУ-интеграциите.