İhvan Radoykov
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
СОФИЈА (АА) - Најсиромашна земја-членка на Европската Унија е Бугарија, со население под 7 милиони жители. Кај нашиот сосед има околу 330.000 лица на работна возраст, кои не сакаат да учат ниту да работат, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарската новинска агенција (БТА) објави вест според којашто агенцијата за истражување „Тренд“ спровела анкета на лицата на работна возраст. Анкетата покажа дека 10 отсто од населението не сака активно да учествува во општествениот живот.
Истражувањето го спровел претседателот на Институтот за економија и меѓународни врски, поранешен министер за социјала и труд, Ивајло Калфин, кој изјави: „Анкетата покажа дека многу поголем број државјани на Бугарија, отколку она што се претпоставуваше, се зафатени од синдромот на недостаток на мотивација“.
Калфин зборуваше за зголемувањето на добороволната маргинализација на бугарското население во земјата, и истакна дека 330.000 лица на внатрешниот пазар се без работа, но не се ниту заведени во Бирото за вработување, и додаде дека овие луѓе продолжуваат пасивно да го водат својот живот во земјата.
Според резултатите од анкетата, поради недостатокот на мотовација, во општествениот живот не учествуваат 10 отсто од лицата со високо образование, 53 отсто од лицата со средно и 26 отсто од лицата со основно образование.
Околу 80 отсто од оние што не сакаат да учат или да работат се лица кои во последната година останале без работа, додека 12 отсто воопшто не работеле во својот живот.
Меѓу анкетираните, 47 отсто изјавиле дека не сакаат да работат за плата помала од 500 евра, а пак 41 отсто од анкетираните, од кои поголемиот дел го сочинуваат млади, изјавиле дека при првата можност се подготвени за избегаат во странство.
Во последните 28 години во Бугарија постојано се намалува бројот на населението. Од Бугарија, која во 2007 година се приклучи на Европската Унија, досега заминале 2 милиони лица, благодарение на патната исправа за слободно дижење во рамките на ЕУ.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, соопшти дека невработеноста во Бугарија изнесува под 8 отсто, и истакна дека таа забрзано се намалува кон 6 отсто, истакнувајќи дека невработени се само оние што не сакаат да работат.