Seyit Ahmet Aytaç
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Социјалната мрежа "Твитер" направи надоградба која подразбира можност од регулирање на траеењето на анкетите, јавува Anadolu Agency (AA).
Твитер во октомври 2015 година лансираше пакет со кој на корисниците им се овозможуваше да прават и учествуваат во анкетите. Меѓутоа, тие траеа 24 часа без можност за продолжување или скратување на времетраењето.
Сега корисниците можат да прават анкети од пет минути, а можат да ги продолжат и седум дена.
Анкетите, од пуштањето на таа можност, ги користеле милјарда и седумстотини милиони корисници.