İhvan Radoykov
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Во Бугарија почина еден авганистански бегалец од студ и од глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот Видин, кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата, се вели дека телото на починатиот 18-годишник е пронајдено во место за прочистување на вода.
Според експертизата на Судската медицина, лицето за кое според документите пронајдени кај него е утврдено дека е Авганистанец, починало и од студ и од глад.
Минатата година во Бугарија, во предупредувачкиот оган отворен од страна на полицијата, за за да ги пречи бегалците да ја поминат границата, еден авганистански бегалец беше погоден и загина.