Zlatan Kapiç
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
БЕЛГРАД (АА) - Камерманот на Anadolu Agency (AA), Нихад Ибрахимкадиќ е нападнат рано утринава, во близина на железничката станица во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Камерманот на Anadolu Agency, Ибрахимкадиќ, во нападот се здобил со тешки телесни повреди, а по нападот го пронашле припадниците на жандармеријата и помогнале во транспортирањето до Воено-медицинската академија Белград. Ибрахимкадиќ моментално е сместен на одделот за интензивна нега.
Засега неидентификуваните напаѓачи го нападнале камерманот од зад грб, а за време на нападот и по него не зборувале ништо, ниту пак зеле предмети од вредност. Вработениот на АА е нападнат во раните утрински часови, по враќањето од БиХ, каде што престојувал за време на новогодишните празници.
За нападот на камерманот на АА се известени амбасадата на БиХ во Србија и амбасадата на Република Турција, како и надлежните органи на Република Србија.
Anadolu Agency (AA) најостро го осудува нападот на својот вработен и ги повикува надлежните служби во Србија колку што е можно побрзо да го расветлат овој случај.
Нихад Ибрахимкадиќ во Србија како камерман на АА е ангажиран од 2012 година.