Ekipa
26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 280 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 223.211, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 5 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 лица, починати во периодот од 17.11-22.12.2021. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 7.904.
Институтот за јавно здравје регистрира 156 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 210.475.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 4.832.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.929 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирања.