Ekipa
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 50 починати од коронавирусот, што е најголем број на смртни случаи на дневно ниво, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.860, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период евидентирани се 1.320 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата порасна на 132.740.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 457 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 108.197.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 20.683.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.174 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања.