Ekipa
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 190 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 192.478, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 10 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.704.
Институтот за јавно здравје регистрира 293 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 173.625.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.149.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.636 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања.