Dzihat Aliju
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна петтиот по ред Меѓународен студентски конгрес во организација на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Конгресот е поддржан од страна на дирекцијата на Културниот центар „Ататурк“, а на отворањето на овој Конгрес, што се одржа во кампусот на ИБУ, учествуваа претставниците на турските институции и организации во земјата, студенти и бројни професори.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, во своето обраќање пред присутните, на отворањето на Конгресот, истакна дека овој Конгрес, кој оваа година се одржува петти пат по ред, е многу значајна активност за него. „Досега учествуваа 135 студенти од 40 земји. Фактот што младите умови придонесуваат кон светскиот мир, е причина за ние иднината да ја гледаме со надеж“, додаде тој.
Директорот за научни истражувања во Културниот центар „Ататурк“, Мурат Алтан Ерик, нагласи дека како досега, така и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат сите конгреси што ќе се реализираат.
По обраќањата, директорот на компанијата „TAV Airports-Скопје“, Алпер Тунга Ерсој, со студентите ги сподели искуствата на компанијата која ја претставува, како и неговите лични искуства.
Утре завршува Конгресот, со темата „Инвестирање во младите за една одржлива иднина“.