İhvan Radoykov
04 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
СОФИЈА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека во последниот период забележан е голем раст во нерегуларниот миграциски тек кој доаѓа од грчката граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Стојан Мандаџиев, началник на регионалната гранична полиција во градот Смолјан, во јужниот дел на земјата, истакна дека во периодот од јануари до септември 2018 година, над 2.000 нерегуларни мигранти биле фатени во обид за влегување од Грција во Бугарија, и дека биле вратени назад.
Мандаџиев нагласи дека, споредувајќи со истиот период минатата година, се забележува пораст од 5%.
Истакнувајќи дека нелегалното преминување на границата претставува тешко кривично дело, Мандаџиев рече дека презеле решителни мерки против овие кривични дела, и дека се вршат опсежни операции на граничните зони со Турција и Грција.
Од друга страна, според официјалните статистики на бугарското Министерство за внатрешни работи, во операциите извршени во периодот од јануари до септември 2018 година, приведени се 1.453 странци во обид за илегален премин во земјата.
Во истиот период 2.008 странци го добија статусот „мигрант“ или „хуманитарен статус“.
Бугарија постави жичана ограда од 274 километри покрај заедничката копнена граница со Турција поради нерегуларната миграција. Оваа земја се соочува со поголеми проблеми во рамките за заштита на заедничката копнена граница со Грција, која, исто така е земја членка на Европската Унија (ЕУ), како и Бугарија.
Според официјалните статистики на Бугарија, бројот на регистрираните нерегуларни мигранти со условна слобода кои се наоѓаат во камповите, изнесува под 600 лица.