Bedrudin Brljavac
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 275 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на моментално заразени (активни случаи) денес изнесува вкупно 2.203, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска се наведува дека 155 од новозаразените се на болничко лекување, 12 се на респиратори, додека едно лице починало.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 8.175 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 171 се починати, а 5.801 се излекувани. Во моментов во самоизолација се 7.095 лица.
Досега тестирани се вкупно 150.460 лица, од кои 1.718 во последните 24 часа.
Се наведува дека придржувањето кон сите досега донесени мерки и упатства е од клучно значење затоа што со одговорно однесување може да се намали ширењето на коронавирусот.