Berad Büyük
23 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
РИМ (АА) - Шефот на стручниот штаб на италијанскиот фудбалски клуб Болоња, Синиша Михајловиќ, е заразен со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Раководството на Болоња денес соопшти дека Михајловиќ е позитивен на последниот тест за коронавирусот.
Во соопштението се вели дека српскиот фудбалски стручњак немал симптоми на вирусот и дека бил ставен во домашна изолација.
На Михајловиќ минатата година му беше дијагностицирана леукемија од која успешно се излекува со трансплантација на коскена срцевина.