Stipe Majic
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека во последните 24 часа регистрирани се 363 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и 5 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 1.830, меѓу нив 344 пациенти се на болничко лекување, од кои 26 пациенти се на респиратори.
Штабот за цивилна заштита извести дека како последица на вирусот починале 5 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, евидентирани се вкупно 18.447 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 309 починаа. Вкупно оздравеа 16.308 лица, од кои 116 во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.
Во самоизолација се наоѓаат 9.675 лица.
До денеска тестирани се вкупно 338.594 лица, од кои 5.353 во последните 24 часа.