Bojana Stojanovic
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
БЕЛГРАД (AA) - Движењето ќе биде забрането од 13:00 часот во сабота до понеделник во 05:00 часот наутро, изјави вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
По состанокот со кризниот штаб за борба против ширење на коронавирусот, како и со кризниот штаб кој се бави со економските последици од овој вирус, Вучиќ на конференцијата за новинарите во Белград појасни дека таа забрана не важи за пензионерите кои имаат можност да одат во продавница помеѓу четири и седум часот наутро во недела.
Другата мерка е да не може повеќе од двајца луѓе да се соберат на едно место и таа мерка важи од вечерва. Вучиќ објасни дека таа мерка пред сѐ, се однесува на собирање во текот на шетањето на домашните миленици.
Како што прецизираше, третата мерка е олеснителна и таа важи од сабота навечер, а тоа значи дека од 23 часот до 01 наутро ќе биде дозволено шетање на домашните миленичиња.
„Од пресудно значење е да продолжиме да се однесуваме дисциплинирано и да бидеме дисциплинирани", рече Вучиќ.
Според него, во овој момент 81 лице се наоѓаат на респиратори, а повеќето од вкупната бројка заразени се во Белград, Ќуприја, Чачак и Ваљево.
Вучиќ додаде дека во наредните 72 часа се очекува забрзување на бројот на заразени а како што рече, „за жал, за очекување е да расте и бројот на смртните случаи".
Според Вучиќ, најтежок удар на коронавирусот во земјата се очекува во наредните 15 дена.
Заменик директорката на Институтот за јавно здравје на Србија, Сарија Кисиќ Тепавчевиќ рече дека кога сите би ги почитувале сите мерки и би го свеле контактот на минимум и така 14, 15 дена не би имало „ниту еден новозаболен".
Според податоците до денес попладне, во Србија досега починаа 31 лице, а вкупно се регистирани 1.171 лица заболени од коронавирусот.