Abdulkadir Karakaya
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека не знаат кога ќе започнат натпреварите, нагласувајќи дека фудбалот не е поважен од човечкиот живот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштение објавено на интернет страницата на ФИФА, Инфантино укажа на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и рече дека светот се соочува со нова закана.
Тој истакна дека фудбалската сцена треба да дејстуваат тимски.
„Сите ние сакаме повторно да започнеме со фудбалот. Но, не знаеме кога ќе се случи тоа. Здравјето доаѓа пред се, и тоа треба да биде нашиот приоритет се до соборување на оваа болест“, додаде тој.
Инфантино нагласи дека треба да се почитуваат предупредувањата на надлежните, и рече: „Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот“.