Furkan Naci Top
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
АТИНА (AA) - Неколку десетици приврзаници на анархистичката група Рубикон влегоа во дворот на грчкиот Парламент и фрлија црвена боја на ѕидот на зградата, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на анархистичките групи кои со соопштение ја презедоа одговорноста за тој напад, фрлија и две чадни бомби пред да ги растера полицијата.
Претседателот на Парламентот Никос Вуцис овој чин го нарече екстремен и недемократски.
Рубикон во соопштението наведе дека фрлиле боја на зграда на Парламентот во знак на поддршка, како што рекоа, на праведната борба на комунистичкиот активист Димитрис Куфудинас кој штрајкува со глад.
Куфудинас е лидер на екстремно лева организација „17 ноември" кој се наоѓа во затвор поради повеќе доживотни казни.