Mehmet Hatipoğlu
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
КОМОТИНИ (АА) - Најмалку 13 лица, меѓу кои и седум деца, го изгубија животот во водите на Медитеранот обидувајќи се од Турција да дојдат до грчките острови, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците од Блискиот Исток смртно настрадаа при потонување на гумен чамец во близина на грчкиот одтров Фармакониси. Како што наведуваат од крајбрежната стража, загинаа 13 лица, меѓу нив едно бебе, шест деца и две жени. Спасени се 15 лица.
Во тек е акцијата за барање и спасување на уште едно лице кое се води како исчезнато. Меѓу спасените се и три лица кои се наоѓаат во кома и однесени се во болницата на грчкиот остров Лерос.