Mehmet Hatipoğlu
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ЃУМУРЏИНА (АА) - Група пратеници во Собранието на Грција покрена иницијатива за изградба на првите муслимански гробишта во главниот град на оваа земја Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 34 пратеници од владејачката партија СИРИЗА поднесоа иницијатива до парламентот со барање да се изградат муслимански гробишта во подрачјето на Атика, каде што живеат голем број припадници на муслиманската заедница, доселеници од сите делови на светот.
Укажувајќи на фактот дека Атина е единствениот главен град во Европа, каде што муслиманското население нема свои гробишта, во барањето на пратениците се наведува дека муслиманите во Атина се приморани своите починати да ги закопуваат во Западна Тракија или во земјите од каде што потекнуваат, а тоа чини многу.
Пратениците од ресорното министерство исто така побараа одговор на прашањето дали постои план за изградба на муслимански гробишта или одвојување на дел од постојните гробишта за потребите на муслиманското население.
На барање на грчката Влада, највисокиот орган на Грчката православна црква, Сан Синодот, минатата година во Атина донираше 20 дулуми од својот имот за потребата за изградба на муслимански гробишта, но реализацијата на овој план беше стопирана.