Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, тврдејќи дека Грција е единствената земја што ја поддржува перспективата на Туркије во Европската Унија (ЕУ), рече дека нема причина зошто Грција и Туркије не би биле најдобри пријатели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто дадено во рамките на 26. конференција на „Економист“ (Economist), Дендиас истакна дека добрите односи со Туркије се многу важни за Грција.
„Но добрите односи со Туркије треба да имаат многу цврста основа како што [Грција] ја има и со другите земји во светот. Во што се состои оваа цврста основа? Тоа е многу јасно. Тоа е меѓународното право, меѓународното Морско право, човековите права, правата на жените, меѓусебното почитување и толеранцијата“, рече министерот Дендиас.
Дендиас, истакнувајќи дека Грција во последните триесет години се надева дека Туркије ќе се приближи до овие идеи и до ЕУ, рече:
„Грција е единствената земја што ја поддржува оваа желба на Туркије [во врска со членството во ЕУ]. Сѐ уште ја поддржува Туркије.“
Посочувајќи дека Грција постапува врз основа на меѓународното право во однос на сите прашања, Дендиас рече дека доколку Туркије се однесува на овој начин, во регионот светла иднина ги чека Грција и Туркије, но дека за тоа ќе биде потребно некое време.
Дендиас, нагласувајќи дека Туркије и Грција не можат да постигнат заедничко решение бидејќи се обидуваат сегашните проблеми да ги решаваат со различни методи, додаде: „Нема причина зошто Грција и Туркије не би биле најдобри пријатели. Сепак, Туркије треба да го прифати меѓународното право и меѓународното Морско право.“