Derya Gülnaz Özcan
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
АТИНА (АА) - Грција набави 90 нови оклопни безбедносни возила од типот „М1117“ од САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на грчката државна новинска агенција АМНА, 90 оклопни безбедносни возила од типот „М1117“ се примени од грчките копнени сили во Солун.
Грција, која до денес има купено 354 слични возила, ќе продолжи со набавките според предвидениот план.
Грција набавува оклопни безбедносни возила од типот „М1117“ во рамките на Програмата за вишок одбранбени материјали (EDA) на Соединетите Американски Држави (САД).
Предвидено е оклопните возила да се користат во мисии за извидување и надзор на подрачјето.