Ayhan Mehmet
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ЛЕЗБОС (АА) - Грчката полиција ги спречи новинарот и фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) да влезат во пристаништето во Лезбос, јавува Агенција Анадолија (АА).
На репортерот на АА, кој на местото на настанот ја следи бегалската криза на островот Лезбос во Грција, не му беше дозволено да го сними воениот брод на пристаништето со кој бегалците ќе бидат пренесени на копно.
Се тврди дека на пристанишната полиција ѝ било наложено да не дозволи турските новинари да влегуваат во пристаништето.
Дозволувајќи им на другите национални и меѓународни новинари да влезат во пристаништето, пристанишната полиција на новинарот на АА му рече: „Вие немате дозвола да известувате од тука. Излезете од реонот на пристаништето.“