Admir Fazlagic
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ја пречека делегацијата Босна и Херцеговина предводена од претседавачот со Советот на министри на БиХ (БиХ) Денис Звиздиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
По одржаните средби, Заев и неговиот босанско-херцеговски колега Звиздиќ одржаа заедничка прес конференција на која информираа за потпишаните спогодби на двете делегации.
„Граѓаните на Македонија ќе влегуваат само со лични карти во БиХ и граѓаните на БиХ ќе влегуваат само со лични карти во РМ. Ова е веќе пракса што Република Македонија веќе ја воспостави со Србија и Албанија, а од денеска таа важи и за патувањата во БиХ", изјави премиерот Заев.
Тој рече дека ова е втор конкретен чекор за олеснување на движењето на граѓаните на двете земји по веќе потпишаниот Договор за меѓусебното признавање за возачки дозволи.
Заев информираше дека учениците во основното и средно обазование и студентите во високото образование ќе се запишуваат под исти услови што важат за државјаните во двете земји. За плаќањето на школарините во двете држави ќе се применуваат еднакви критеруми кои важат и за домашните студенти.
Премиерот Заев рече дека со делегацијата од БиХ, денеска потпишале и Спободба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на БиХ за условите за патување на државјаните на двете земји и Протокол меѓу Министерство за образование на Република Македонија и Министеството за цивилни работи на БиХ за соработка во областа на образованието.
Заев додаде дека Македонија и БиХ ќе соработуваат во одбраната со цел продлабочување и соработка во борба против тероризмот и насилниот ексртемизам.
„Денеска Република Македонија и Босна и Херцеговина испратија уште една силна порака дека сериозно сме посветени на развивањето пријателски односи во соседството и за сплотен регион насочен кон европските перспективи", рече Заев.
Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, истакна дека со денешната средба испраќаат добри пораки за целиот регион, но и за Европската унија (ЕУ), кон која тежнеат двете држави.
Звиздиќ рече дека БиХ и Македонија се се можеби најслични земји во регионот на Западен Балкан, и поради тоа, како што истакна, сосема добро се разбираат, имаат исти карактеристики, тоа се земји кои имаат извонредно, природно и културно историско наследство.
„Се соочуваме и со многу слични полиички и економски проблеми. Она што е важно за Македонија и БиХ е дека имаме иста, основна цел, а тоа е движење кон ЕУ која сеуште останува најважен, најмал заеднички именител за сите земји на земјите од Запден Балкан и цел која претстаува рамка за нашето заедничко делвуање. Суштината на целта е многу едноставна, ние сакаме мир и економски просперитет за нашите држави. Сакаме мир и безбедност за нашиот регион. Сакаме да создадеме амбиент во кој нашите природни и човечки потенцијали ќе ги ставиме во функција на еконоскиот развој и зголемување на животниот сатандард, сакаме да да ги задржиме младите луѓе во нашата држава и што поскоро да станеме дел од еворпски економски и безбдносен систем", рече Звиздиќ.
Истакна дека помеѓу БиХ и Македонија не постојат никакви проблеми, како и дека билатерални односи се наоѓаат на високо ниво на соработка и разбирање, за што посочи дека сведочат и денешните, но и порано потпишаните спогодби и договори.
Осврнувајќи се на денес потпишаната Спогодба за лични карти Звиздиќ рече: „Со денешната Спогодба за личните карти, практично е заокружена идејата регионот на Западен Балкан, речиси во целиот капацитет, нашите држави да можат само со лични карти да ги посетуваат другите држави. Она за што разговараме е особено понатамшен за понатамошен развој за економска соработка. Таа е на годишно ниво околу 150 милони евра, но имајќи ги в предвид економскиот развој во последните годни, и нашите индустрии нудиме многу поголем простор за зголемвуање на обемот на надворешна трговска размена и економска соработка".
Исто така, Звиздиќ истакна дека еден од најголемите недостатоци на Западен Балкан и воопшто на можноста да се развие економската соработа е транспотрна, енергетска и дигитална инфрастурктура. Посочи дека тоа се проекти на кои ќе работат во иднина и со институциите со ЕУ.
Во тој контекст, рече дека еден од чекорите за подобро регионално поврзување е авионска линија која се очекува да ги поврзе Скопје и Сараево, а со тоа и граѓаните на двете земји.
Претседавачот со Советот на БиХ, изрази очекување дека авиолинијата Скопје-Сараево ќе профункционира на почетокот на летната сезона истакнуваќи дека во оваа авиолинија сакаат да биде вклучена и Црна Гора.
Инаку, денеска во Скопје се одбележува 75 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.
Во Скопје пред споменикот кај поранешниот Монопол во Скопје обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ, а пленарна седница ќе одржи и Собранието на Република Македонија.