Admir Fazlagic
28 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев одржа прес-конференција на која рече дека вчерашниот ден во Парламентот беше тест за Македонија и за сите нејзини граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мора да покажеме колку сме зрели како луѓе и колку сме зрели како држава. Не смееме да потпаднеме под провокациите кои имаат поделба. Затоа Ве повикувам сите Вас да останеме мирни и присебни", рече Заев.
Лидерот на СДСМ повика сите вработени во јавните институциите да ја сватат совијата одговорност. Тој рече дека ќе ја води Македонија затоа што верува дека вреди сето она за што се залгале.
Меѓу другото, Заев истакна дека САД, ЕУ, НАТО, и како што рече, целата меѓународна заедница, во парлаламентарното мнозинство го гледааат моторот на мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на мирот и регионот.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашните насилства во Собранието, Заев насилните настани во Собранието ги окаректеризира како обид за убиство по план и добра умисла.
„Од влезот на луѓето во Сообранието, координирањето, директното доаѓање до таму каде се поединците кои се фокусирани, пратенициите, за жал загазија и новинарите и тие беа под директно насилство. Тоа беше обид за убиство по усмисла и со план", рече Заев.
Додаде дека во рок од 2-3 дека очекува да биде доделен мандатот за формирање на новата влада и земјата да тргне напред.
Со 62 гласа „за“, во хаотична атмосфера во Собранието, парламентарното мнозинство го избра пратеникот од ДУИ, Талат Џафери за претседател на Собранието. Потоа следуваа инциденти пред Собранието и внатре во Собранието, кога насилно во Собранието влегоа дел од собраните граѓани кои протестираа пред зградата на Собранието.
Министерство за внатрешни работи информираше дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Според соопштението на МВР, во вечерашните инциденти пред и во Собранието, повредени се 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.