Ivana Ramadanova
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
СКОПЈЕ АА - Министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ поднесуваат оставки, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Спасовски, преодната Влада е формирана за организирање фер и демократски, кредибилни избори, а ако Собранието се распушти на полноќ и остане изборите да се одржат на 24-ти април, тие нема да бидат фер и демократски.
Останувањето на министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ во Владата, во такви околности, би значело давање поддршка на некредибилни избори, рече Спасовски.
Тој побара Собранието пред вечерашното распуштање да ги констатира оставките.
„Доколку останува на сила распуштањето на Парламентот, бараме да ни се констатираат оставките“, рече Спасовски, кој одби да одговори на прашањето, дали ако Парламентот не се распушти, функционерите од СДСМ ќе останат на своите функции во Владата.