Abdula Berisha
19 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, го оцени како „проблем од безбедносен аспект за државата” регистрирањето на Исламска селефиска заедница „Дар ел Хадис“ од страна на Основниот суд Скопје 2, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на новинарско прашањето, премиерот Заев рече дека во некои верски заедници „за жал имаме радикализам и други девијантни појави“, за што истакна дека државата треба да се грижи од повеќе аспекти, не само за пристапот кон Законот за верските заедници.
„Информиран сум од министерот за правда дека одреден наш суд има направено регистрација на ваква заедница која што од безбедносен аспект за државата е проблем. Верувам дека самите надлежни служби ќе влезат во решавањето на такви прашања“, рече Заев.
Тој исто така рече дека ја разгледал реакцијата испратена до Кабинетот на премиерот од Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, што според него е дополнителна причина за постапување на државните тела.
„Со должно внимание и почит го разгледав документот како реакција од ИВЗ, тој ги има своите основи и содржини и е само дополнителна причина зошто државата треба да постапува и да изнајде решение на оваа прашање”, додаде Заев.
Потсетуваме дека Основниот суд Скопје 2 од Северна Македонија на 2 февруари ја регистрираше Исламска селефиска заедница „Дар ел Хадис“, а ИВЗ тоа го смета како обид за паралелизам на Уставниот институт на ИВЗ, при што ги презела сите потребни правни процедури, доставувајќи и жалба до Апелациониот суд за укинување на одлуката за регистрација.
Регистрацијата на оваа верска заедница предизвика реакција и на граѓанското општество.