Dzihat Aliju
29 Септември 2026•Ажурирано: 29 Септември 2026
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, рече дека проширувањето на Европската Унија (ЕУ) треба да биде праведно и предвидливо, напредокот да се оценува според објективни критериуми, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Министерството, Сали учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер.
Во дискусиите за иднината на Западен Балкан, министерот Сали истакна дека процесот на проширување треба да носи видливи придобивки за граѓаните и пред членството. Посебен акцент стави на младите и на потребата од повеќе можности за образование, стручна обука, практикантство, истражување и размена со европските партнери.
„За нашите млади европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја“, истакна Сали.
Министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на реформите и на членството во Европската Унија.
Тој повика процесот на проширување да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок на земјите кандидати да се оценува според објективни европски критериуми.