Kemal Zorlak
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
САРАЕВО (AA) - Заменик-премиерот на Република Турција, Реџеп Акдаг, кој вчера допатува во посета на Босна и Херцеговина (БиХ), денеска се состана со министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ, пред почетокот на седницата на Заедничката економска комисија меѓу БиХ и Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Сараево денеска ќе се одржи петтата седница на Заедничката економска комисија меѓу БиХ и Република Турција, чија цел е разгледување на напредокот во соработката, во областите трговија и инвестиции, земјоделство, енергија, туризам и транспорт.
Во соопштението од Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ е вели дека на седницата, исто така, ќе бидат разгледани неискористените потенцијали на двете земји, со фокус на стимулирањето на нови облици за инвестициска соработка.
Планирано е Акдаг денеска да се состане и со членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, министерот за цивилни работи на БиХ, Адил Османовиќ, премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ и да ги посети знаменитостите на главниот град на БиХ.
За сабота е планирана посета на Мостар.