Shpetim Hiseni
08 Мај 2026•Ажурирај: 08 Мај 2026
Илјадници волонтери, организации и јавни институции денес учествуваа во еколошката акција „Генералка викенд“, организирана во Северна Македонија со цел чистење на животната средина и подигнување на свеста за одржување на чистотата, јавува Анадолу.
На активноста организирана во главниот град Скопје учествуваше и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која беше видена на терен заедно со граѓаните и волонтерите за време на акцијата за чистење.
Во објава на социјалните мрежи, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека ваквите активности за заштита на животната средина треба да прераснат во филозофија на животот.
„Човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја природната рамнотежа и чекорејќи кон самоуништување. Ваквите иницијативи претставуваат важен потсетник за потребата од промена“, истакна Сиљановска-Давкова.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека Скопје „се чисти повеќе од кога било“, нагласувајќи дека градот може да биде уште почист само доколку граѓаните придонесуваат за тоа.