Ceren Aydınonat
06 Август 2026•Ажурирано: 06 Август 2026
Австрискиот „wingsuit“ спортист Марко Валтеншпил изведе летање меѓу балоните во Кападокија, Турција, јавува Анадолу.
Валтеншпил, спортист на „Ред Бул“, скокна од балон на топол воздух на височина од околу 2.800 метри над Кападокија, а балоните поставени на различни височини ги претвори во слалом-патека, минувајќи меѓу нив со брзина од 200 километри на час.
По летот австрискиот спортист изјави:
„Во летовите 'wingsuit' секогаш се движите заедно со природата. Но во овој проект на секоја височина нѐ пречекуваа различни ветрови. Секојпат кога се приближував до некој балон, морав повторно да ја пресметам мојата траекторија и за неколку секунди да ја донесам вистинската одлука. Остварувањето на овој лет во уникатната атмосфера на Кападокија беше едно од најнезаборавните искуства во мојата кариера.“
Марко Фирст, спортист на тимот „Red Bull Skydive Team“, кој го придружуваше Валтеншпил за време на летот, рече:
„Овој проект не бараше само брзина туку и беспрекорна координација. Додека се следевме еден со друг, истовремено моравме постојано да се приспособуваме на променливите временски услови. Подготовките зад сцената беа исто толку импресивни колку и снимките што произлегоа од нив.“