Furkan Naci Top
20 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
АТИНА (АА) – Забележан е раст на бројот на бегалците што во последните денови преминуваат на грчките острови во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците што ги објави грчката Влада, од нова година досега, на островите Лезбос и Хиос дневно, нерегулирано преминуваат околу 40 бегалци, а оваа бројка во последните 3 дена се зголеми за 358 проценти, со што достигна до 443 преминувања.
Во соопштението се вели дека минатиот петок преминале 193 бегалци на островите Лезбос и Хиос, во саботата 169, а во неделата 81 бегалец.
Бројот на бегалците кои преминаа на овие острови во јануари изнесуваше 1.393, а оваа бројка во февруари падна на 1.089.
Откако беше потпишан договорот за миграции меѓу Турција и Европа, на 18. март 2016 година, а по неговото стапување на сила на 20. март 2016 година, досега е забележан пад во бројот на бегалците кои преминуваат на грчките острови за повеќе од 97 проценти во споредба со претходната година.
Познато е дека над 14 илјади бегалци се задржани на грчките острови како што се Лезбос, Хиос, Кос, Лерос и Самос, сѐ додека не им бидат средени барањата за азил според договорот.