Shpetim Hiseni
21 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ТИРАНА (AA) - Главниот град на Албанија, Тирана и другите градови во земјата се погодени од силен земјотрес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации на Министерстввото за одбрана на Албанија, земјотресот што ја зафати земјата, беше со епицентар во Драч.
„Земјотресот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала и интензитет од 7,5 степени, 30 километри северно од Драч. Ова е најсилниот земјотрес во последните 20-30 години“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Албанија.
Според ова Министерство, се работи на брзо утврдување на првичните штети.
Во последниве години Албанија беше погодена од неколку земјотреси кои предизвикаа материјална штета.
Исто така, земјотресот беше почувствуван и во Северна Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.