Adel Omeragic
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ПОДГОРИЦА
Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора во 1:18 часот по полноќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, епицентарот на земјотресот од средна јачина бил на седум километри североисточно од Крушевица.
Се наведува дека епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од десет километри.
„Врз основа на нумеричкиот модел на промена на интензитетот со растојание во овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика само помали материјални штети во епицентралното подрачје“, рекоа од Заводот.