Adel Omeragic
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора досега се дадени 285.056 дози од вакцините против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Првата доза од вакцината против коронавирусот ја примија 149.912 граѓани или 24,2 отсто, а втората 135.144 лица или 21,8 отсто од вкупното население.
Во Црна Гора во последните 24 часа се дадени 309 први дози, а во тој период се ревакцинирани 1.268 лица.
Досега со првата доза вакцинирани се 32,8 отсто од полнолетното население, а ревакцинирани се 29,6 отсто.
Масовната вакцинација против Ковид-19 во Црна Гора почна на 4 мај.