Bojana Stojanovic
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во Србија вечерва во 20 часот се затворени гласачките места на кои во текот на денот за 21 изборна листа можеа да гласаат 6.584.376 граѓани на редовни парламентарни и локални избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
До 18 часот на изборите во Србија излегоа 40,82 отсто од гласачите, додека проценката е дека заедно со Косово излегле 42 отсто гласачи, соопшти вечерва Републичката изборна комисија на конференцијата за медиуми Републичката изборна комисија (РИК).
Не се забележани поголеми неправилности во текот на досегашното гласање.
Прелиминарните резултати се очекуваат околу 22 часот.