İhvan Radoykov
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Во бегалскиот камп во Харманли, град во југоисточна Бугарија, каде што живеат повеќе од 3 илјади бегалци, се случија инциденти во кои интервенирале и безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради ширењето на заразните болести во кампот, донесена е забрана бегалците да излегуваат надвор од кампот.
Според информациите, поради забраната којашто ја ограничува слободата на движење, во кампот се случиле инциденти.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека инцидентите биле ставени под контрола од страна на полицијата и жандермеријата.
Се дознава дека демонстрантите запалиле оган во дворот на кампот и дека на безбедносните сили фрлале со камења, а пак тие интервенирале со водени топови.