Admir Fazlagic
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 225 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 19.096, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште осум лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 768.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.645.
Во моментот активни се 2.683 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 197.382 тестирања за Ковид-19.