Agim Sulaj
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа 4 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 777, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 733 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 26.121.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.519 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 111.560 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 16.499 лица. Моментално има 8.845 активни случаи.