Bojana Stojanovic
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денес е најтешкиот ден во текот на пандемијата на коронавирусот според бројот на смртни случаи и заразени, но дека Србија и понатаму е меѓу петте најдобри европски земји, јавува Агенција Анадолија (AA).
Вучиќ одликува заслужни поединци и институции по повод денешниот државен празник Денот на примирјето, но поради коронавирусот присуствуваа само премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и еден од добитниците на одликувањето, епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон.
Претседателот на Србија оцени дека сега е моментот државата да им се заблагодари на оние што дадоа „сè што имаа за татковината, но и за оние што се борат да ги сочуваат животите на луѓето“.
„Сакам да ви се заблагодарам, д-р Кон, како и на сите што ги добиваат највисоките ордени, и да кажам дека знам колку надвор не е лесно и едноставно“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека се донесени одлуки за наградување на новинарите што влегуваа во црвените зони на ковид-болниците.
Епидемиологот Предраг Кон, кој беше награден со орденот „Караѓорѓева ѕвезда од прв степен“ порача во име на добитниците дека денес не е време за славење, но дека е време за чест и време за пресврт на ситуацијата со борбата против вирусот, дека со појавата на вакцината и со солидарното спроведување на мерките ќе се потисне ова чудовиште на 21 век.
Караѓорѓева звезда, златен и сребрен медал за заслуги добија голем број доктори, воени лица, премиерот на Луксембрг, и други лица и институции кои се истакнаа во борбата против Ковид-19, како и луѓето кои се на чело на тие институции.
Постхумно признание добија 13 лекари.