Agim Sulaj
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово почина уште еден пациент заразен со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 8 лица, пренесува Агенција Анадилија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Косово.
Во соопштението се вели дека починала 39-годишна пациентка во Интензивната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово, заразена со Ковид-19.
Се истакнува дека починатата пациентка имала и други болести.
Инаку, во Косово досега се регистрирани 362 случаи со Ковид-19, меѓу кои 59 излекувани лица и 8 починати.