Kabir Adeniyi
01 Септември 2026•Ажурирано: 01 Септември 2026
Најмалку 15 лица починаа во Нигерија откако се заразиле со дифтерија, бактериска инфекција што првенствено го зафаќа респираторниот систем, соопшти здравствен претставник денес, јавува Анадолу.
Смртните случаи се регистрирани во рок од три дена од избувнувањето на епидемијата, изјави Бакс Булус, здравствен претставник во областа, за Анадолу.
Најмалку 117 случаи се потврдени во областа на локалната самоуправа Џос Норт, во северноцентралната нигериска сојузна држава Плато, рече тој.
Булус ја опиша ситуацијата како алармантна и предупреди дека би можеле да бидат регистрирани уште случаи додека здравствените власти продолжуваат со надзор во погодените заедници.
Дифтеријата може да се шири преку близок контакт со заразено лице.
„Кај заразено лице, оние што се во близок контакт со него и кои користат заеднички прибор и други предмети, како што се крпи што се употребуваат дома, со такво лице, се изложени на ризик од заразување“, додаде тој.
Сепак, дифтеријата е болест што може да се спречи со вакцинација.
Минатата недела починаа повеќе од 30 деца во сојузната држава Кано, во северозападна Нигерија, во услови на сомнение за епидемија на дифтерија.
Во последните години Нигерија бележи повторливи епидемии на дифтерија, поради што здравствените власти спроведуваат кампањи за вакцинација во погодените заедници и сојузни држави.