Agim Sulaj
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово уште едно лице почина поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 20, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово.
Во соопштението се нагласува дека починатото лице е 73-годишна пациентка од општина Штимле.
Досега во Косово откриени се 703 случаи со Ковид-19, меѓу кои 20 починати и 162 излекувани лица.