Emel Gözellik
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
АНКАРА
Бројката на починати лица новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 200.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 200.400 лица во светот починаа од овој вирус, додека бројот на случаи со Ковид-19 во светот се искачи на 2 милиони 867 илјади и 574 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 52.838 лица.
По САД, следуваат Италија со 26.384 починати, Шпанија со 22.245 починати, Франција со 22.245 починати, Велика Британија со 20.319 починати, Белгија со 6.917 починати, Германија со 5.805 починати, Иран со 5.650 починати, и Кина со 4.632 починати.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни:
„Холандија (4.409), Бразил (3.704), Турција (2.706), Канада (2.302), Шведска (2.192), Швајцарија (1.593), Мексико (1.221) и Ирска (1.014)“.
Во светот од Ковид-19 се излекувани 819.310 лица, додека 1 милион 847 илјади и 864 лица се во процес на лекување.