Zülfiya Yakup
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
ПРИШТИНА (AA) – Едно лице загина, а 16 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која во градот Гњилане ја предизвика камион на кој му откажаа кочниците, пренесува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Болничкиот центар во Гњилане,Нусрет Хајрулаху потврди дека во несреќата едно лице го загубило животот, додека 16 лица се повредени од кои две лица се префрлени во Клиничко-универзитетскиот центар на Косово во Приштина.
Претседателот на општина Гњилане, Лутви Хазири соопшти дека по тешката трагедија која денес се случи во Гњилане, веднаш ги активирал ургентните механизми, вклучувајќи ги сите директори на директоријатот и дека во соработка со полицијата, обвинителството и другите органи управува со оваа тешка ситуација.
„Според првите информации, камионот со таблички 01 (Приштина) не му работеле кочниците и освен што повредил луѓе, предизвикал и голема материјална штета, вклучувајќи десетици автомобили и јавен имот", напиша Хазири на својот Фејсбук профил.
Хазири во знак на солидарност со страданите ги откажал сите видови активности во општината кои требале да бидат одржани по повод 7 март, Денот на наставниците во Косово.