Zülfiya Yakup
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива СДП, денес доби домашен притвор откако минатата недела Апелациониот суд на Косово ја укина првостепената пресуда од девет години затвор за воени злосторства и го врати судењето на почеток, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на одбраната, Небојша Влајиќ за АА изјави дека претседателката на Основниот суд во Митровица го укина решението за притвор, кој Ивановиќ го издржуваше во затворот во Митровица, и место тоа му е одреден куќен притвор.
„Овој куќен притвор ќе важи два месеца, а потоа ќе се одлучува за негово повторно продолжување. Ние веруваме дека оваа мерка е престрога и дека не е потребна, бидејќи за тоа нема никаква основа, но судот така одлучи“, рече Влајиќ.
Тој објасни дека незадоволниот клиент има право на жалба против оваа одлука, потсетувајќи дека јавниот обвинител барал Ивановиќ да биде задржан во затвор, каде што е повеќе од три години.
Адвокатот Влајиќ очекува дека во повторното судење ќе биде донесена ослободителна пресуда, бидејќи, како што вели тој, нема докази за делата за кои е обвинет неговиот клиент.
Оливер Ивановиќ е обвинет дека во Митровица извршил воено злосторство против албански цивили за време на конфликтот во Косово, во април 1999 година.