Zylfije Adem Jakupi
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Според најновите податоци на Националниот институт за јавно здравје на Косово, последните 24 часа регистрирани се 720 новозаразени лица со Ковид-19, а животот го загубија 11 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од 1.599 примероци тестирани на коронавирус, 720 биле позитивни.
Од февруари кога започнаа тестирањата во Косово досега се тестирани вкупно 123.976 примероци, од кои 31.215 случаи биле позитивни, а животите ги загубија 860 лица носители на коронавирусот.
Во последните 24 часа оздравеа 469 пациенти, додека вкупниот број на оздравени до денес изнесува 18.347 случаи.
Во Косово регистрирани се 12.008 активни случаи на зараза со Ковид-19.