Husamedin Gina
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) – Православните христијани денеска го слават вториот ден од празникот Велигден. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан одржа богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Како и секоја година, според традицијата, во сите православни храмови завчера беше објавувено Исусовото воскресение, а празнувањето продолжува со велигденски литургии.
Велигден се смета за најголем христијански празник. Овој празник почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Граѓаните претежно го слават Велигден во кругот на своите семејства, подготвувајќи традиционални јадења и одејќи в црква.
Вториот ден Велигден е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.